Азар: Вистина е дека се дебелеам кога сум на одмор, но…

„Ѕвездата“ на Реал Мадрид Еден Азар вели дека е вистина тоа што медиумите зборуваат дека има вишок на килограми, бидејќи кога не е во тренажен процес тој навистина се дебелее.

„Нема што да кријам. Кога сум на одмор, на одмор сум. Јас сум еден од оние кои можат лесно да добијат вишок килограми, но и лесно губам. Кога имав 18 години во Лил имав 72 килограми. Летово имав и 80 килограми, но успеав да ги изгубам за десет дена“, изјави Азар. 

Реал Мадрид викендов го очекува натпревар од домашното првенство против незгодниот Реал Сосиедад, а во вторник го играат дербито во Лигат на шампионите против Пари Сен Жермен.

Се вчитува...