Азербејџан ја користи предноста од играч повеќе и поведува на „Арената“

Азербејџан има предност на Националната Арена „Тодор Проески“, откако ја искористи предноста од играч повеќе. Азербејџанците со голот на Гурбанли имаат водство од 1-2.

Гурбанли се најде осамен по нафрлена топка од корнер и успеа да ја смести во мрежата на Шишковски за водство.

Македонија од 52. минута игра со играч помалку откако исклучен беше Бобан Николов кој доби втор жолт картон.

Се вчитува...