Азербејџанецот Хумбатов е трето засилување на Победа

Прилепскиот прволигаш Победа денес го официјализираше и третото свое засилување за новата фудбалска сезона. Ангажиран е 23-годишниот интернационалец од Азербејџан, Турал Хумбатов.

Хумбатов игра на стоперската позиција, а може да ја покрие и позиција на последен играч за врска. Потекнува од школата на Зенит, а зад своето име има забележано и неколку настапи за репрезентацијата на Азербејџан.

Турал Хумбатов во Победа доаѓа од екипата на ФК Азал. Тој е трето засилување на прилепчани по Борче Маневски и повратникот во клубот Нове Ацески.

pobeda podgotovki

Инаку, фудбалерите на Победа продолжуваат со тренинзи според планот на тренерот Штерјовски за оваа прва фаза. На крајот на оваа втора работна седмица, в недела предвиден е првиот тест натпревар со Ренова во Охрид.

Од 13. јули експедицијата ќе се пресели во Банско, Бугарија каде ќе престојува 12 дена и каде засега е договорено да се одиграат контролни натпревари со бугарските второлигаши Монтана и Гоце Делчев – Пирин, со можност да се договори меч и со Академија Пандев.

Се вчитува...