Бабиќ и Периќ едногласни: Перфектно издание и заслужена победа на Еурофарм Пелистер

Во таборот на Еурофарм Пелистер заслужено владее задоволство откако битолчани славеа на гостувањето против АЕК, за прв европски триумф во новата сезона.

Грчкиот тим имаше две победи во првите две кола, но тренерот Бабиќ одлично ја имаше анализирано играта на противникот, целосно неутрализирајќи ги главните оружја на АЕК.

„Одигравме перфектен натпревар. Подготвивме одлична одбрана и брз контранапад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција“, изјави Бабиќ по натпреварот.

Јосип Периќ беше најдобар поединец во таборот на Еурофарм Пелистер и на овој натпревар, предводејќи ги стрелците со осум постигнати погодоци.

„Благодарност на тренерот на АЕК за убавите зборови. Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненандивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на мојата екипа нашиот голман Секељи беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горди среќен сум како игравме вечерва“, истакна Периќ.

Се вчитува...