Бабиќ: Игравме против „голема риба“, не успеавме да ја уловиме

Жељко Бабиќ по завршувањето на групната фаза оптимистички изјавуваше дека Магдебург немал среќа во ждребот за осминафиналето, но неговиот Еурофарм Пелистер вечерва не успеа да го изненади бундеслигашот, губејќи со убедливи 24-32 во првиот осминафинален дуел од Лигата на Европа.

Стратегот на „пелистерци“ му ја честиташе заслужената победа на противникот, како причина за убедливиот пораз наведувајќи го слабиот старт на мечот.

„Можеме само да му честитаме на Магдебург. На почетокот промашивме многу шутеви, бевме премногу бавни, што е недозволиво кога играш против еден ваков тим. Ние не го покажавме најдоброто од себе. Чест е да се игра против еден ваков тим, имавме против себе голема риба, но не успеавме да ја уловиме како што најавивме“, истакна Бабиќ.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер е големото македонско дерби против Вардар, на кое битолчани мораат да прикажат далеку подобра игра доколку сакаат да го земат скалпот на „црвено-црните“ во директната битка за титулата во мак-ракометот.

Се вчитува...