Бабиќ: Израмнета група, дисциплината ќе биде клучна за пласман понатаму

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ги доби противниците за групната фаза во Лигата на Европа каде ќе се сретне со Татабања, Ним, Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен и АЕК.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека добиле една изедначена група, но дека ако сакаат да поминат понатаму ќе мора да бидат дисциплинирани во сите мечеви.

„Сите знаеме дека Европската лига е силна, со клубови од сличен квалитет, а тука спаѓаме и ние секако. По ждрепката можам да кажам дека групата која ја добивме е баш изедначена. Ќе биде многу интересно, но ако сакаме да минеме во следниот круг мораме да бидеме многу прецизни и дисциплинирани, ќе мора навистина да се испотиме. Сепак, како што ќе ни биде нам тешко, така ќе биде и за останатите. Јас лично се радувам дека ќе има одлични натпревари, но неблагодарно е да се прогнозира било што.

Ја користам оваа шанса да ги поздравам и нашите навивачи, без нив сè е понинаку. Сепак, спортот се игра поради навивачите. Ги повикувам да дојдат, да се радуваме, да ни помогнат, а јас сум уверен дека ќе им вратиме и ќе победуваме на наш терен“, изјави Бабиќ.

 

Се вчитува...