Бабиќ се пресели во женскиот ракомет по заминувањето од Пелистер

Жељко Бабиќ веднаш по заминувањето од клупата на Пелистер си најде нов ангажман, прв во неговата кариера во женскиот ракомет. Актуелниот хрватски вицепрвак Подравка постигна договор со Бабиќ, по што 50-годишниот стручњак летово за првпат ќе се реши за нешто поинаков предизвик во кариерата.

Подравка уште пред неколку месеци искажа интерес за услугите на поранешниот хрватски селектор, но преговорите се интензивирале откако стана јасно дека Бабиќ ќе си замине од Битола во текот на летово. Тој пред неколку дена и официјално се збогуваше од битолските „фармацевти“, по што денеска и официјално беше потврден како нов предводник на Подравка, тим со кој наредната сезона нема да се натпреварува во Лигата на Шампионите бидејќи по осум години доминација сезонава ја загуби титулата од Локомотива.

Бабиќ го напушти Е. Пелистер по неуспешната завршница на сезоната, кога битолчани пропуштија „меч топка за титула“ на домашен терен, губејќи го клучното дерби од Вардар, а потоа и финалето на Купот на Македонија од истиот ривал.

Се вчитува...