Бабиќ: Сочувство за сите погодени од трагедијата, горд сум на настапот на Еурофарм Пелистер

Стратегот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, со право беше горд на изданието на битолчани на денешниот дуел со Татабања, на кој „пелистерци“ го декласираа противникот со 33-20.

Хрватскиот стручњак во изјавата по мечот најпрвин изрази сочувство до сите погодени од трагедијата со сообраќајната несреќа во Бугарија, по што се осврна и на играта на својот тим.

„Пред се би сакал да изразам сочувство на сите оние кои се погодени од несреќата што и се случи на Македонија. Што се однесува до самиот натпревар, ние максимално ги искористивме сите нивни проблеми. Знаевме дека играчите на Татабања се изморени и тоа влијаеше на нивниот настап. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Навистина одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме“ , изјави Бабиќ.

Се вчитува...