Бабунски официјално промовиран во Омија (ФОТО)

Давид Бабунски и официјално е промовиран во дресот на својот нов клуб, јапонскиот второлигаш Омија Ардија.

По разделбата со Јокохама маринос, Бабунски се одлучи да остане во Јапонија и да ја прифати понудата на Омија, клуб со кој потпиша договор до јануари 2020 година.

Давид Бабунски, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона, претходно две сезони мина во Јокохама каде пристигна од редовите на белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...