Бабунски продолжува во јапонскиот второлигаш Омија

Членот на младата репрезентација на Македонија, учесник на ЕП 2017 во Полска, Давид Бабунски својата фудбалска кариера ја продолжува во Јапонија.

По разделбата со Јокохама мариност, Бабунски потпиша договор со јапонскиот второлигаш Омија до јануари 2020 година. Омија по 29 одиграни кола во Втората лига на Јапонија е на 5. место со отворени амбиции и за влез сезонава во прволигашката конкуренција.

Давид Бабунски по две години соработка со Јокохама ова лето се одлучи на раскин на соработката. Фудбалерот кој потекнува од школата на шпанска Барселона, како што е познато, претходно мина и една сезона во редовите на белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...