Бабунски си замина од Прилеп

Прилепска Победа на едно коло до крајот од есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига остана без шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски.

Нестабилната полусезона која прилепчани ја играат во есенскиот дел на крај резултираше со заминување на искусниот стратег кој не можеше да се соочи и со сите финансиски проблеми кои го оптоваруваат клубот а за кои никако да се најде решение.

За Победа до крајот на сезоната престојниов викенд останува уште натпреварот со Брегалница на гостински терен во Штип.

Се вчитува...