Бачуаји имаше готов трансфер, и се пропадна поради неверојатна грешка во последната минута пред полноќ

Белгискиот репрезентативец Мичи Бачуаји е најголемиот губитник во летниот преоден рок.

28-годишниот фудбалер има договор со Челси до јуни 2023 година, иако поголемиот дел од времето постојано го минува на позајмици. Тој во Челси за 40 милиони евра пристигна во 2016 година од Марсеј, но од тогаш постојано е на позајмици во Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал Палас и Бешикташ.

Овој летен преоден рок беше договорен неговиот трансфер од Челси во Нотингем Форест, откако Тухел соопшти дека повторно нема да смета на него. Неговата преселба во Нотингем Форест беше завршена работа, но се пропадна во последната минута од трансфер-рокот.

Челниците на двата клуба се договорија, но после полноќ беше потврдено дека од тоа нема ништо. Се е пропаднато затоа што клубовите не успеаја да ја испратат неопходната документација на време, и на крај Премиерлигата немаше можност како да го потврди трансферот, само поради грешка на клупската администрација на Челси.

Се вчитува...