Екипата на Бадел го задржа стопроцентниот ефект откако во денешното дерби славеше на гостински терен против актуелниот шампион Крива Паланка со резултат 80-88.
„Баделки“ беа подобри од самиот почеток на овој дерби дуел, поведоа со 16-28 и потоа го контролираа резултатот до самиот крај, радувајќи се на огромна победа со која скопскиот клуб ги потврдува високите амбиции со кои влезе во новата сезона.
Марија Николов беше најефикасна во победничкиот состав со 32 поени, три скока и три асистенции. Фримен оствари трипл-дабл учинок со 17 поени, 14 скока и 10 асистенции, додека Клири запиша дабл-дабл со 20 поени и 11 скока. Петрушевска придонесе со 10 поени и шест скока.
Кај Крива Паланка блескаше Гордон, која го заврши натпреварот со 40 поени. Ли имаше дабл-дабл од 11 поени и 14 скока, додека капитенката Алексовска постигна 12, а Груевска 10 поени.
По две одиграни кола, Бадел 1862 е меѓу трите екипи со максимален ефект, заедно со Вардар и Баскет кам, додека Крива Паланка останува без победа.
Во третото коло, закажано за 31 октомври, Бадел 1862 го пречекува Баскет кам, а Крива Паланка гостува кај Гевгелија.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Патриот 2016 78:45
Вардар – Гевгелија 96:62
Баскет кам – Пробаскет 75:66
Крива Паланка – Бадел 1862 80:88
ТАБЕЛА: Вардар 2/0, Бадел 1862 2/0, Баскет кам 2/0, МЗТ Скопје А 1/1, Гевгелија 1/1, Крива Паланка 0/2, Пробаскет 0/2, Патриот 2016 0/2
ИДНО КОЛО (31.10)
Гевгелија – Крива Паланка
Бадел 1862 – Баскет кам
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар
Пробаскет – Патриот 2016
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
