Баер Леверкузен го зголеми притисокот врз Баерн Минхен во трката за титулата во Бундес-лигата откако „фармацевтите“ одиграа уште еден рутински меч во кој заслужено на гостински терен го совладаа Мајнц со 0-3. Избраниците на Чаби Алонсо одиграа перфектно, во водство дојдоа со автогол на домашниот дефанзивец Ван ден Берг. Со уште подобра игра Баер продолжи во вториот дел, во кој Грималдо постигна еврогол од слободен удар за 0-2, пред Хофман да ги постави конечните 0-3.
Штутгарт е едно од најпријатните изненадувања сезонава откако „швабите“ славеа со 0-2 на гостувањето против Келн, петти триумф во првите шест кола со кои Штутгарт се искачи на второто место на табелата, со еден бод заостанување зад водечкиот Баер Леверкузен. Ундав беше човекот на одлука со два гола во мрежата на Келн на денешниот дуел.
Волфсбург на домашен терен го совлада тимот на Ајнтрахт со 2-0. Во главна улога беше Данецот Винд, кој ги постигна двата гола за победничкиот гим, но имаше и еден промашен пенал.
Унион Берлин лани беше најпријатно изненадувања, но сезонава ја почна далеку под очекувањата, губејќи од Хајденхајм со 1-0 за четврти пораз на шестиот овосезонски натпревар.
Резултати Германија:
Келн – Штутгарт 0-2, Волфсбург – Ајнтрахт 2-0, Мајнц – Баер Л. 0-3, Хајденхајм – Унион Берлин 1-0.
🚨🚨| Grimaldo with another brilliant free kick for Leverkusen!
— CentreGoals. (@centregoals) September 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА