Баер Леверкузен го продолжи договорот со светскиот првак

Бундеслигашот Баер Леверкузен, успеа да одолее на понудите и да го продолжи договорот со аргентинскиот интернационалец Езекиел Паласиос. Играчот од средниот ред потпиша договор до 2028 година, соопшти клубот.

Неговиот актуелен договор беше до 2025 година, и сега го продолжи на уште дополнителни три. Тој дојде во Леверкузен во 2020 година од Ривер Плејт, и се наметна како еден од првотимците на тимот на „фармацевтите“ во средината на теренот.

Паласиос беше баран од неколку клубови во текот на летото, но Леверкузен успеа да одолее и да го задржи во своите редови.

„Клубот го исполни сето она кое го вети, и еве ме со нов договор. Тука се чувствувам како дома, и сакав да потпишам и да се развивам во Баер“, истакна Паласиос.

Се вчитува...