Баер Леверкузен се раздели со Питер Бош

Баер Леверкузен го отпушти тренерот Питер Бош по лошата серија и паѓањето на шестата позиција на табелата во Бундеслигата. Поразот од 3-0 од Херта во последното коло ја „прели чашата“ кај раководството на „фармацевтите“ кои одлучија да се разделат со искусниот стратег.

Ханс Волф кој ја води репрезентацијата на Германија до 18 години ќе биде привремена замена за Бош на кормилото на Леверкузен.

 

Се вчитува...