Баерн без милост – даде 27 гола на првиот контролен меч летово

Баерн Минхен одигра максимално ефикасно на првиот контролен натпревар летово, декласирајќи го нисколигашот Ротах – Егерн со неверојатни 0-27.

Избраниците на Томас Тухел максимално мотивирани влегоа во мечот, па по 15 минути игра веќе имаа предност од 0-5, а до крајот на полувремето водеа со неверојатни 0-18. Тухел на паузата ги смени сите фудбалери, па падна и ефикасноста на германскиот првак, кој во вториот дел постигна „само“ девет погодоци.

Меѓу стрелците се запишаа и новите засилувања Лајмер и Гереиро, а последниот гол за Баерн во самиот финиш го постигна Садио Мане.

Се вчитува...