Баерн без Видал патува во Мајнц, Алаба неизвесен

Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Артуро Видал поради стомачен вирус е вон строј за мечот од 21. коло во Бундес – лигата против Мајнц, потврди тренерот Јуп Хејнкес. Неизвесен за настап е и Давид Алаба кој на последниот тренинг заработи мала повреда, додека новото засилување Сандро Вагнер се врати во целосна тренажа и ќе биде во комбинација за настап.

„Артуро има стомачен вирус што го спречи да ги идработи последните подготовки за нашата средба против Мајнц, што значи дека на него не можеме да сметаме. Алаба заработи несреќна повреда и дури во последен момент ќе одлучиме дали ќе може да игра или не. Вагнер се приклучи на тренинзите на првиот тим и ќе биде во комбинација за утре“, истакна Хејнкес на прес – конференцијата.

„Баварците“ ќе се обидат да ја остварат 8. победа во низа во домашното првенство, а гостувањето против Мајнц во рамките од 21. коло е закажано за утре со почеток од 15:30 часот.

Се вчитува...