Баерн даде зелено светло – Павар доаѓа во Интер

Бенжамин Павар ќе биде најновото засилување на тимот на Интер откако европскиот вицепрвак конечно постигна целосен договор со Баерн Минхен за трансферот на францускиот репрезентативец. Самиот Павар не криеше дека е несреќен во Баерн и инсистираше на трансфер, поради што во последните денови воопшто не тренираше со остатокот на тимот како притисок врз баварскиот гигант да го продаде во Интер.

На крајот, германскиот шампион се согласи на трансфер, прифаќајќи ја понудата од 30 милиони евра плус два милиони врзани со неколку клаузули. Павар имаше само уште една година од актуелниот договор со Баерн, што беше причина баварците да дадат зелено светло за да не ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета.

Павар го одби Манчестер Јунајтед за да се пресели во Интер, а по денешните лекарски прегледи ќе потпише договор на четири сезони со „нероаѕурите“.

Се вчитува...