Баерн го испрати Станишиќ на позајмица

Томас Тухел донесе изненадувачка одлука да се раздели од Јосип Станишиќ, испраќајќи го хрватскиот десен бек на позајмица во Баерн Леверкузен. Хрватот лани имаше одлична сезона, настапувајќи на 28 средби во Бундес-лигата и на десет меча во ЛШ, добивајќи шанса дури и пред Жоао Кансело откако Португалецот пристигна од Манчестер Сити.

Одлуката Кансело да си замине за многумина значеше и сигурно останување на Станишиќ, но Тухел јасно стави до знаење дека Мазрауи му е прва опција на бековската позиција, давајќи зелено светло за заминување на Хрватот.

Во предвид доаѓаше само позајмица, а Баерн од неколкуте понуди ја избра онаа на Баер Леверкузен, кој целосно ќе ја покрие платата што Станишиќ требаше да ја заработува на „Алијанц Арена“. Сите детали се веќе договорени и хрватскиот интернационалец од следната седмица ќе му се стави на располагање на тренерот Чаби Алонсо, за кого според германските медиуми челниците на Баерн веруваат дека може да помогне Станишиќ уште повеќе да напредува пред да се врати назад во Минхен.

Се вчитува...