Баерн и Борусија според планот, нов пораз на Шалке

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд забележаа рутински победи во 23. коло од Бундес-лигата, максимално користејќи го домашниот терен на дуелите со Келн и со Арминија.

Баерн по двата меча без триумф денеска лесно славеше со 5-1. Актуелниот првак поведе со 2-0 преку Чупо Мотинг и Левандовски, гостите намалија на самиот почеток од второто полувреме, пред Левандовски да ја врати предноста на „плус два“ Конечните 5-1 ги постави Гнабри, кој влезе во игра во второто полувреме и со два гола го круниса камбекот по повредата.

Борусија пропушти неколку одлични шанси во првото полувреме против Арминија, но „милионерите“ потоа со фуриозна игра во вторите 45 минути стигнаа до убедлива победа од 3-0. Дахуд го постигна првиот гол на асистенција на Санчо, токму Санчо од пенал зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Бразилецот Реиние, кој настапува за Борусија како позајмен играч од Реал Мадрид.

Шалке е уште еден чекор поблиску до испаѓање од елитата по денешниот пораз од 5-1 на гостувањето против Штутгарт. Гостите се најдоа во негатива од 3-0 по само триесетина минути игра, успеаја да намалат преку Колашинац, а сите надежи за камбек паднаа во вода кога Бенталеб промаши пенал во првото полувреме. Самодовербата кај гостинскиот тим целосно опадна, а Штутгарт го искористи тоа и со два гола стигна до убедлив триумф.

Резултати Германија:

Баерн М. – Келн 5-1, Борусија Д. – Арминија 3-0, Штутгарт – Шалке 5-1, Волфсбург – Херта 2-0.

Се вчитува...