Баерн и Интер со победи си закажаа меѓусебен дуел во 1/4 финале (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Интер му се приклучија на тимот на Барселона во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако триумфираа и на реваншоте против своите ривали Баер Леверкузен, односно Феенорд.

„Баварците“ со предност од 3-0 отпатуваа во Леверкузен, а ја имаа целосната контрола во текот на сите 90 минути. Својата доминација ја крунисаа со два гола во второто полувреме за триумф од 0-2.

Најпрво Хари Кејн во 52. минута донесе предност, а Дејвис во 71. минута ја дуплираше предноста за гостите, и стави дефинитивна потврда на пласманот меѓу најдобрите осум.

Интер, пак, со предност од 2-0 над Феенорд на гости го дочека холандскиот тим на „Џузепе Меаца“, па триумфираше со 2-1 и на реваншот.

Маркус Турам во 8. минута донесе предност за „нероазурите“, но во 42. минута Феенорд се врати откако Модер го реализираше пеналот.

Во 51. минута пенал за Интер, кој во гол го претвори Чалханоглу, и го трасираше патот кон 1/4 финалето.

Токму Баерн Минхен и Интер ќе играат меѓусебно во следната фаза.

Се вчитува...