Баерн и Лајпциг се договорија: Нагелсман е наследникот на Флик

Јулијан Нагелсман дефинитивно ќе биде наследникот на Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен откако баварскиот гигант постигна договор со Лајпциг за отштетата што ќе биде платена за 33-годишниот стратег.

Ставот на Лајпциг беше јасен – новиот клуб на младиот стручњак да плати 25 милиони евра. Баерн не успеа да ја намали вкупната сума, но баварците се договорија со Лајпциг однапред да платат 15 милиони евра, а останатите десет милиони се врзани со неколку клаузули и ќе бидат исплаќани во зависност од освоените трофеи на Нагелсман на „Алијанц Арена“.

Веќе нема никаква пречка, Нагелсман од претходно ги имаше договорено личните услови за петгодишна соработка со Баерн и се очекува договорот да биде официјализиран до крајот на оваа седмица.

Јулијан Нагелсман е вториот трансфер на Баерн од Лајпциг за наредната сезона, откако претходно беше договорено и доаѓањето на францускиот дефанзивец Упамекано.

Се вчитува...