Баерн и Реал во трка за „новиот Погба“ од Ајакс

Играчот на Ајакс, Рајан Гравенберх е на „радарот“ на неколку големи клубови во Европа. Реал Мадрид уште пред еден месец покажа интерес кон него, а сега Баерн Минхен го гледа како замена за Толисо.

Токму меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе биде битката за играчот од среднот ред кој би можел да си замине од Ајакс, и да тргне по стапките на Де Јонг, Де Лихт и Ван де Бек кои заминаа во големите клубови Барселона, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Гравенберх има 19-години, и на негова возраст е прогласен за еден од најдобрите играчи на таа позиција.

Во Амстердам, Гравенберх стана незаменлив дел од тимот на Ајакс и на Ерик тен Хаг. Неговиот договор истекува до 2023 година, и ова лето е последната година за заработка при негова продажба.

Се вчитува...