Баерн Минхен 80 минути се мачеше со четвртолигаш

Баерн Минхен се соочи со неверојатни проблеми за да ја мине првата пречка во Купот на Германија, едвај славејќи со 0-1 на гостувањето против Дрохтерсен/Асел. Станува збор за четвртолигаш со стадион од капацитет од 2.500 седишта, кој за овој дуел стави монтажна трибина за баварскиот гигант да можат да го проследат вкупно 7.800 фанови. Фудбалерите одговорија на вистински начин, до 80. минута одолевајќи на налетите на германскиот шампион, кој настапи со своите најдобри единаесетмина. На крајот, чудо со гол во 81. минута спречи Роберт Левандовски.

Со идентични 0-1 триумфираше и Баер Леверкузен против нисколигашот Форцхајм, а најубедливи беа Вердер и Хофенхајм, чии фудбалери со убедливи 1-6 обезбедија пласман во шестото коло.

Се вчитува...