Баерн Минхен безмилосен против Падерборн за полуфинале во Купот

Баерн Минхен ја покажа својата класа во куп-дуелот против третолигашот Падерборн совладувајќи го на гости со 0-6, за сигурен пласман во полуфиналето на Купот на Германија. Кингсли Коман во 19.минута донесе предност за баварскиот тим, а Роберт Левандовски шест минути подоцна зголеми на 0-2. Џошуа Кимих до крајот на првиот дел постигна и трет погодок за Баерн Минхен.

Серијата продолжи во второто полувреме. Корентин Толисо стрелаше во 55.минута од натпреварот, а конечниот резултат го постави Арјен Робен со два брзи гола пред самиот крај.

Баерн Минхен во полуфиналето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Шалке и Волфсбург.

Се вчитува...