Решена е уште една дилема во фудбалскиот свет откако Баерн Минхен ја активираше откупната клаузула од 42 милиони евра за Дајо Упамекано со што од следната сезона францускиот интернационалец ќе се пресели во редовите на составот од „Алијанц Арена“.
Со игра за потписот на 22-годишниот стопер беа и Челси и Ливерпул, но на крајот пресуди желбата на Упамекано од трите европски гиганти да ја прифати токму понудата на баварскиот гигант. Тој во Баерн ќе ја има улогата на стандарден првотимец, заземајќи го местото на Давид Алаба, кој како слободен играч си замина од „Алијанц Арена“.
„Точно е, го договоривме Упамекано. Пресреќни сме“, потврди спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Salihamidzic just confirmed to Bild that Dayot Upamecano has reached an agreement with Bayern Münich on personal terms: “I can confirm, we’re very happy!” ?
The deal will be signed and completed in the coming months, when the release clause [€42.5m] will be paid to RB Leipzig.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА