Баерн Минхен го сака Калум Хадсон Одои од Челси

Баерн Минхен ќе испрати понуда до Челси за позајмица на младата англиска ѕвезда Калум Хадсон Одои, пренесуваат британските медиуми. Германскиот клуб кој минатата сезона ја освои тројната титула, доминацијата во Европа сака да ја продолжи и во новата сезона, а како би му понудиле на Ханси Флик поголем ростер, тие се заинтересирани за доведување на Калум Хадсон Одои.

Френк Лампард му соопштил на Хадсон Одои дека сезонава поради големиот избор во нападот нема да смета на него, поради што Англичанецот одлучил дека е време да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

19-годишникот потекнува од школата на клубот од Лондон, а во 2017 го забележа и првиот настап за клубот за кој навива од детството. Тој вкупно собра 35 настапи, на кои еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...