Баерн Минхен гради мега-тим за иднината: Џамал Мусиала „верен“ до 2026

Германскиот великан, Баерн Минхен го осигура потписот на талентираниот Џамал Мусиала до 2026 година откако по добрите партии оваа сезона, 18-годишниот потпиша договор со кој во следните пет години ќе заработува пет милиони евра по сезона.

„Пресреќен сум што го потпишав мојот прв професионален договор со Баерн. Се осеќам многу комотно во клубот. Благодарам за довербата. Со нетрпение ги чекам следните неколку години“ – изјави Мусиала.

 

Се вчитува...