Баерн Минхен и Челси во трка за Сержињо Дест

Барселона мака мачи со финансии и оваа сезона па со цел да ги консолидира своите редови каталонскиот тим ќе продава играчи во зимскиот пероден рок. На излезната врата од „Камп Ноу“ се Кутињо, Умтити, Де Јонг и Дест, а за услугите на младиот Американец битка ќе водат Баерн Минхен и Челси.

Дваестиедногодишникот кој пристигна во редовите на Барселона како големо засилување во 2020 година беше на прагот да реализира трансфер во редовите на минхенскиот гигант, а две години подоцна истиот повторно е опција. Покрај Баерн Минхен интерес покажува и Челси кој бара замена за повредениот Бен Чилвел на левата бековска позиција.

За ангажманот на Дест од редовите на Ајакс, Барселона издвои 21 милион евра, а според пишувањата на шпанските медиуми каталонскиот тим за неговите услуги бара 25 милиони евра, кои не се проблем за англискиот и германскиот великан.

Се вчитува...