Баерн Минхен има нов голман

Баерн Минхен му посака добредојде на 23-годишниот израелски голман Даниел Перец. Чуварот на мрежата доаѓа од Макаби Тел Авив за 5 милиони евра, и потпиша петгодишен договор со гигантот од Минхен.

Израелецот е вистинско изненадување во таборот на „Баварците“ со оглед на имињата кои се „вртеа“ за нови голмани во овој тим како Де Геа, Лорис, Боно… Но, на крајот се догвороија за млад голман, кој ќе треба да биде замена за Мануел Нојер кој е повреден од јануари годинава и не е познато кога ќе се врати.

Во моментов прв голман на Баерн е Свен Улрајх, кој го чуваше голот во првото коло против Вердер, а се очекува тој да продолжи да биде број 1, се до враќањето на Нојер.

Се вчитува...