Баерн Минхен ја „краде“ ѕвездата на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Баерн Минхен е на прагот дополнително да го засили својот ростер со потписот на ѕвездата на Реал Мадрид, Лукас Васкез, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот на 30-годишникот со „кралскиот“ клуб завршува на истекот на оваа сезона, а Шпанецот не е задоволен од условите кои му ги нуди мадридскиот состав.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи клубот од Минхен. Спортскиот директор Салихамиџиќ веќе ги започнал преговорите со репрезентативецот на Шпанија, а истите се на чекор да бидат завршени. Васкез потекнува од младинската школа на Реал Мадрид и во клубот е од 2007 година. Оваа сезона крилото одигра 22 натпревари во Ла Лига, а постигна два гола.

Во изминатиот период сериозен интерес за ангажман на овој фудбалер покажа и раководството на Милан.

Се вчитува...