Баерн Минхен конечно си пронајде голман

Долго време Баерн Минхен беше во потрага по голман. Целокупниот европски фудбалски свет очекуваше дека ќе биде ангажирано звучно име, но и тоа како ги изненадија своите навивачи со изборот на нов голман. Тоа е Израелецот Даниел Перец од Макаби Тел Авив.

Претходно со Баерн се поврзуваше Де Хеа, а потоа се појавија и информации за Стефан Ортега, но на крај не доби и тој дозвола за заминување од Манчестер сити. Па, изборот падна на Перец.

Преговорите се завршени и се веќе усмено договорено меѓу Баерн и Перец. Договорот ќе биде потпишан до 2027 година, а официјалната понуда од Баерн е околу два милиони евра плус бонуси.

Се вчитува...