Баерн Минхен купува младински репрезентативец на Англија

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен изненадувачки сака да го купи младинскиот репрезентативец на Англија, Тарик Лампти. Лампти кој е фудбалер на лондонскиот Челси во моментов е на позајмица во Брајтон и Хов Албион, каде од почетокот на сезоната прикажува одлични партии.

Беше еден од подобрите фудбалери на тимот во несреќниот пораз од Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата, а во моментов е член на репрезентацијата на „гордиот албион“ до 20 години.

Лампти потекнува од младинскиот тим на Челси, а за првиот тим на клубот од „Стемфорд Бриџ“ минатата сезона го имаше и своето деби.

Се вчитува...