Баерн Минхен на најдобар можен начин го искористи киксот на Лајпциг, совладувајќи го Баер Леверкузен со рутински 2-0. Шупо Мотинг во 7. и Кимиш во 13. минута уште рано во мечот ги решија сите дилеми околу победникот.
Баерн Минхен во моментов е лидер 71 бод, односно десет повеќе од второпласираниот Лајпциг и до крајот на првенството во кое остануваат уште четири гола му е потребна уште една победа за освојување на нов трофеј во Бундеслигата.
Во останатите два натпревари од вечерашната поннуда Арминија Билефилд – Шалке 1-0 и Ајнтрахт Франкфурт – Аугзбург 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА