Баерн Минхен не се откажува – нова понуда за Хари Кејн

Баерн Минхен ја испрати втората понуда до Тотенхен за ангажман на Хари Кејн. Англискиот репрезентативец е голема желба на Томас Тухел и германскиот тим ќе направи се во своја можност да го договори трансферот.

Откако Тотенхем експресно ја одби првата понуда вредна 70 милиони евра со бонуси, герамнскиот тим ја зголеми понудата за 10 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми. Но, со оглед на тоа што барањата на „спарси“ за својот најдобар фудбалер се 100 милиони евра, очекувањето е и втората понуда да биде одбиена.

Покрај Баерн Минхен интерес за фудбалерот кој овој месец ќе наполни 30 години покажаа и Манчстер Јунајтед, Челси и Реал Мадрид.

Се вчитува...