Баерн Минхен скапо ќе го чини пехарот на Светското клупско првенство откако германскиот состав остана без услугите на еден од своите најдобри игрчаи, Серж Гнабри, кој во финалниот дуел мораше да го напушти теренот по повреда на задната ложа.
По медицинските прегледи утврдено е дека станува збор за кинење на мускулните влакна на левиот бут со што автоматски Германецот мора да помине низ фаза на рехабилитација која ќе се овива неколку седмици. Ова ќе биде првата полга пауза за крилото на Баерн.
Гнабри нема да игра на првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Лацио, како ни на бундеслигашките средби против Билефилд и Ајнтрахт. Како потсетување, Ханси Флик на првиот дуел на домашната сцена нема да може да смета ни Томас Милер кој се опоравува од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА