Баерн Минхен по познатиот рецепт: Сега го „краде“ клучниот човек од Лајпциг

Понекогаш се чини дека во Бундеслигата во последните 15 години сите екипи „одработуваат“ за силен Баерн Минхен. Кога некој ќе им се допадне на „Баварците“ тие без никаков проблем го носат во своите редови. Колку само гигантот од Минхен носеше играчи од Дортмунд, а Борусија не успеа ниту со правилото „анти Баерн“ во договорите да ги спречи играчите да се селат на „Алијанц Арената“.

Сега Баерн се врти кон вториот конкурент за титулата, а тоа е тимот на Лајпциг. И додека Конрад Лајмер, Марсел Забицер се само дел од играчите кои од овој тим се преселија во Минхен, сега Баерн „цели“ кон раководството. И тоа поточно кон спортскиот директор.

Макс Еберл е веќе „виден“ во редовите на Баерн Минхен. „Билд“ објави дека неговата преселба во Минхен е веќе готова работа, и само прашање на време кога ќе се случи.

„Имам договор со Лајпциг, но немојте сега да зборуваме за мене“, рече Еберл.

И чудно е тоа што приказната доаѓа токму пред дербито помеѓу овие два тима во Бундеслигата. Двете екипи имаат одличен старт во сезоната, токму како што дојде приказната за Марио Геце непосредно пред финалето во ЛШ во 2013 година, па потоа играчот навистина се пресели во Баерн.

Баерн Минхен во последните неколку преодни рока не реагираше најдобро, и токму од тука им е потребен човек кој ќе ги насочи на ивистинскиот пат кога станува збор за засилувањата. А, Еберл е еден од тие. Претходно беше директор во Менхенгладбах.

Се вчитува...