Баерн Минхен со четири пати поголема плата ќе го примамува „златното момче“ на Барса

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Баерн Минхен е подготвен да го донесе играчот на Барселона, Педри во своите редови.

Иако пред неколку недели младиот играч го продолжи договорот со „Каталонците“ до 2026 година со откупна клаузула од 1 милијарди евра, сепак, кризата во Барселона би можела многу да ги смени нештата. Така според „АС“, Баерн е подготвен да понуди нешто повеќе од 80 милиони за услугите на играчот од средниот ред. Со тоа Педри би бил најскапото засилување на тимот на Баерн.

И самиот Педри кажа дека нема намера да си замине од Барселона, меѓутоа Баерн е подготвен да му понуди четири пати поголема плата од сегашната за да го примами да дојде во редовите на најтрофејниот германски клуб.

Денеска на Педри му беше врачена наградата „златно момче“ за 2021 година.

Се вчитува...