Баерн Минхен со последна понуда за Хари Кејн

Раководството на Баерн Минхен не се откажува од напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Дел од раководството на Баварците денеска допатува во Лондон за да се обидат да го убедат претседателот на Спурс, Даниел Леви, да го продаде Кејн, пишуваат британските медиуми.

Баварскиот гигант е подготвен да плати дури 90 милиони евра обештетување за Кејн кој денеска наполни 30 години. Француските медиуми пренесуваат дека во играта се вклучил и ПСЖ, кој бара напаѓач додека иднината на нивната ѕвезда Мбапе останува неизвесна. Сепак, капитенот на англиската репрезентација наводно сака да оди во Баерн.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува следното лето и тој би можел да го напушти клубот без обештетување. Кејн постигна рекордни 280 гола на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Се вчитува...