Баерн Минхен тргнува по Зидан

Поразот од Борусија Дортмунд придонесе Баерн да заостанува седум бода во трката за титулата, па јасно е зошто челниците на баварскиот гигант почнаа сериозна потрага по нов тренер. Нико Ковач воопшто не ги оправда очекувањата, но ќе остане додека не биде пронајден врвен стратег каков што Баерн заслужува – а на врвот на листата од желби на баварските газди се наоѓа Зинедин Зидан.

Французинот е без клуб откако во јуни се повлече од Реал Мадрид, неодамна беше поврзуван со Манчестер јунајтед, а според последните информации Зидан веќе стапил во контакт со Хенес и Румениге околу можноста да се пресели на „Алијанц арена“. Челниците на Баерн се убедени дека тој не само што ќе ја подобри играта, туку и амосферата во самата екипа, нешто што е тотално нарушено под водство на Ковач. На Зизу покрај висока плата му е понуден и значителен буџет за трансфери, голем дел од него достапен за користење во летниот преоден рок, за кога се најавува сериозен ремонт на играчкиот кадар.

Првичните информации се дека Зидан не планира да работи до крајот на сезонава, а потоа како приоритет ќе ги има Јувентус и Манчестер јунајтед, но јасно е дека во светот на модерниот фудбал доаѓа до пресврти, особено во преговори со клубови кои располагаат со мултимилионски буџети.

Се вчитува...