Баерн Минхен „загриза“ за чудото Пјатек

Германскиот првак Баерн Минхен се вклучува во трката за ангажман на полското фудбалско чудо Кжиштоф Пјатек, кој е соиграч на Горан Пандев во Џенова. Тој игра во фантастична форма во Серија А, тресе мрежи на секој натпревар, а баварскиот клуб сака да реагира побрзо од Борусија Дортмунд, која исто така покажува интерес за 23-годишниот напаѓач.

Тренерот Нико Ковач верува дека Пјатек би можел многу да напредне крај сонародникот Роберт Левандовски и потоа да го наследи како главен напаѓач на „Алијанц арена“. Баерн Минхен е подготвен да плати 30 милиони евра и да го доведе Пјатек веќе во јануари.

Во Италија, напаѓачот на Џенова веќе го следат најголемите клубови, Јувентус, Милан, Интер, Рома, Наполи…

Се вчитува...