Баерн остана без важен првотимец

Томас Тухел се соочува со првиот посериозен проблем на стартот од сезонава по повредата што на денешниот тренинг ја заработи Џамал Мусиала. Младиот 20-годишен плејмејкер се пожали на болка во мускулот и се упати најпрвин кон соблекувалната, а потоа по него тргна и лекарскиот тим на баварскиот гигант, се со цел да биде утврдена сериозноста на повредата.

Баерн попладнево потврди дека Мусиала нема да биде во тренажен процес во наредниот период, неофицијално се најавува пауза од три седмици, што би значело дека овој фудбалер нема да може да настапи на следните две средби со Аугсбург и со Борусија Менхенгладбах. Исто така, Мусиала речиси сигурно ќе ги пропушти и наредните две контролни средби на германската репрезентација, против Франција и Јапонија што ќе бидат одиграни за време на репрезентативната пауза.

Баварскиот гигант објави дека Бенжамин Павар воопшто не тренирал поради грип, додека германските медиуми најавуваат дека францускиот дефанзивец веќе ги спакувал куферите и чека повик за да отпатува на лкарски прегледи и потпис со италијанскиот гигант Интер.

Се вчитува...