Баерн против традицијата – Атлетико не губи дома од Германци

Баерн Минхен игра фантастично, но баварскиот гигант се соочува со сериозен предизвик на денешното гостување со Атлетико Мадрид, особено ако се земе во предвид традицијата која вели дека тимот на Диего Симеоне не губи на домашен терен од ривали од Германија.

Имено, Симеоне нема претрпено ниту еден пораз од бундеслигашка екипа на домашен терен, а последните 16 средби на Атлетико пред своите гледачи против ривали од Бундес-лигата завршиле со 12 победи и четири реми.

Атлетико нема пораз од вакви противници откако е изграден новиот стадион „Ванда Метрополитана“, а последниот бундеслигаш што славел во Мадрид е Борусиај Дортмунд, со 0-1 во октомври 1996 година на тогашниот „Висенте Калдерон“.

Баерн Минхен досега одиграл три средби на „Ванда“, но без поголем успех ако се знае дека баварскиот гигант има едно реми и два порази во домот на Атлетико.

Се вчитува...