Баерн се чуваше за ПСЖ, па не го победи Унион Берлин

Баерн Минхен и со преполовен состав славеше над Унион Берлин со 1-0, стигнувајќи до нови три бода за чекор напред кон шампионската титула. Флик не можеше да смета на Левандовски, Гнабри, Зуле и Горецка, тренерот на Баерн пред реваншот со ПСЖ реши да одмори уште неколку првотимци, па шанса од првата минута добија младите Дантас, Станишиќ и Мусиала.

Токму Мусиала го постигна водечкиот погодок за Баерн во второто полувреме, по мајсторијата во противничкиот шеснаесетник. Тоа сепак се покажа недоволно за триумф бидејќи Ингвартсен биеше прецизно на четири минути до крајот по еден брзо изведен аут на гостите, за реми на „Алијанц Арена“.

Ајнтрахт ја продолжи серијата одлични настапи со триумф над третопласираниот Волфсбург од 4-3. Гостите дури и први поведоа преку Даку, но Ајнтрахт одигра одличен напаѓачки фудбал и постигна четири погодоци, преку Камада, Јовиќ, Силва и Дурм.

Сорлот постигна два гола за Лајпциг во убедливта победа од 1-4 на гостувањето во Бремен, додека без победник заврши мечот меѓу Херта и Борусија Менхенгладбах (2-2), меч на кој гостите околу 70 минути играа со фудбалер помалку по исклучувањето на голманот Зомер.

 

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Волфсбург 4-3, Вердер – Лајпциг 1-4, Баерн М. – Ун. Берлин 1-1, Херта – Борусија М. 2-2.

Се вчитува...