Баерн се „потеше“ со Хофенхајм, Толјан го спаси Дортмунд од нова бламажа

Баерн Минхен стигна до седмата победа во низа во Бундес – лигата откако со пресврт го совлада Хофенхајм со 5-2 во трилер мечот од 20. коло во германското првенство. Гостите неочекувано поведоа во 3. минута откако Гнабри промаши пенал, но Ут брзо реагираше по одбраната на Улрих и ја затресе мрежата. По нецели 10 минути нов шок за германскипт шампион, овој пат Гнабри беше прецизен од далечина за големи 2-0 на великанот Баерн.

Сепак, радоста траеше кратко бидејќи од 21. минута до 25. минута Баерн со головите на Левандовски и Боатенг израмни и ги постави конечните 2-2 до крајот на полувремето. Кингли Коман во 64. минута го донесе првото водство на „баварците“,  а само три минути подоцна Видал зголеми на 4-2. Екс-фудбалерот на Хофенхајм, Сандро Вагнер дебитираше во дресот на Баерн и само пет минути по влегувањето го постигна својот првенец за „баварците“, токму против поранешните соиграчи и ги постави конечните 5-2.

Борусија Дортмунд во последните моменти од средбата против Фрајбург се спаси откако Толјан постигна гол во судиското надополнување за реми од 2-2. „Милионерите“ во 9. поведоа со голот на Шинжи Кагава, но во 21. минута Петерсен го постигна израмнувачкиот погодок за гостите. На големо изненадување одново стрелаше Петерсен за 2-1 во второто полувреме.

Шалке се враќа со рутинирана победа од 2-0 од гостувањето во Штутгарт. Со головите на Налдо и Харит, фудбалерите на Доменико Петреску остварија рано водство кое го сочуваа до самиот финиш на средбата.

Лајпциг на домашен терен ремизираше со 1-1 против претпоследно пласираната екипа Хамбург. Брума беше прецизен за домаќините во 9. минута, но Костиќ израмни на 1-1 20 минути подоцна, а тој резултат се покажа како конечен.

Келн и Аузбург ги поделија бодовите со конечен резулат од 1-1. Милош Јојиќ донесе водство за домашниот состав во 40. минута од средбата, додека Каиби во 77. минута беше прецизен за неговиот Аузбург и ги постави конечните 1-1.

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕС – ЛИГА 20. КОЛО:

Баерн Минхен – Хофенхајм 4-2

Борусија Дортмунд – Фрајбург 2-2

Келн – Аузбург 1-1

Лајпциг – Хамбург 1-1

Штутгарт – Шалке 0-2

 

 

Се вчитува...