„Милионерите“ го освоија Гелзенкирхен, Баерн сигурен дома

Лидерот на табелата во Бундес-лигата, тимот на Борусија Дортмунд, успешно го мина и гостувањето во Гелзенкирхен, славејќи во дербито против Шалке со 1-2. Томас Дилејни во седмата минута ги доведе гостите во водство, Калигури израмни од пенал во 61.минута, но Џејдон Санчо беше човекот на одлука за Борусија Дортмунд. Тој постигна победнички погодок во 74.минута од дуелот.

Баерн Минхен беше сигурен на домашен терен против Нирнберг и славеше со 3-0. Роберт Левандовски беше двоен стрелец во 9. и во 27.минута, а Франк Рибери го постигна третиот погодок за баварскиот тим.

Фрајбург го доби Лајпциг со 3-0, „фармацевтите“ минимално славеа над Аугсбург со 1-0, а Волфсбург и Хофенхајм ремизираа, 2-2.

Резултати Германија: Баер Леверкузен – Аугсбург 1-0, Баерн Минхен – Нирнберг 3-0, Фрајбург – Лајпциг 3-0, Шалке – Борусија Дортмунд 1-2, Волфсбург – Хофенхајм 2-2.

Се вчитува...