Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри доживеа скршеница на зглобот на раката за време на натпреварот против Минстер во 1. коло во Купот на Германија. „Баварците“ славеа со 4-0, но сега е прашање колку крилниот играч ќе биде надвор од терените.
Ганбри го чека операција, и ќе паузира најмалку еден месец од терените.
„Серж ќе прави операција и ќе биде надвор од терените неколку недели. Тоа е хендикеп за него, но и за нас. Загубивме важен играч за нашиот тим“, рече Тухел по мечот.
Критиките сега одат токм на адреса на Тухел, кој се реши да игра со некои стандарни првотимци како што се Кимих, Горецка, Гнабри кои беа во составот вчера против нисколигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА