Баерн во паника: Сопругата на Левандовски сака преселба во Мадрид

Роберт Левандовски во 2023 година ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му истече договорот со Баерн, меѓутоа за негово заминување се зборува веќе подолго време. Реал Мадрид долго го посакува во своите редови, а изјавата на сопругата на Роберт, дополнително ќе ги вознемири „Баварците“.

Фамилијата Левандовски веројатно има желба да се пресели во Шпанија, а сега како најнова дестинација за Роберт се споменува Атлетико Мадрид.

„Пред 2-3 седмици сопругата на Роберт ручала во ресторан во Мадрид, и на својот сопруг и рекол дека сака да се пресели во Шпанија. И натаму нема преговори, но следна дестинација за Роберт може да биде Атлетико Мадрид“, наведуваат шпанските медиуми.

Ако овој трансфер се отствари, тогаш Лева ќе ја продолжи традицијата на одлични голгетери во Атлетико во последните години од Форлан, Виља, Фалкао, Торес, Агуеро, Коста, Суарез…

Се вчитува...