Баерн „зариба“ против Херта

Баерн Минхен ја прекина победничката серија и одигра реми без голови на „Алијанц арена“ против Херта. Тимот на Јуп Хејнкес не успеа да постигне гол на домашен терен по долг период, а Херта се одбрани против баварската машинерија. Франк Рибери во 35.минута ја имаше најубавата шанса, излезе сам пред противничкиот голман, но шутираше над голот.

Борусија Менхенгладбах славеше минимално на гости против Хановер со 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше Кристоф Крамер.

Резултати Германија: Баерн Минхен – Херта 0-0, Хановер – Борусија Менхенгладбах 0-1, Хофенхајм – Фрајбург 1-1, Штутгарт – Ајнтрахт Ф. 1-0.

Се вчитува...